Првите клинички тестови за вакцината против Ковид-19 во јуни во Белгија и Германија
Германската лабораторија КјурВак од јуни ќе ги започне првите клинички испитувања за вакцината против новиот коронавирус во Германија и во Белгија, најави претседателот на надзорниот совет на компанијата, Жан Стефен.
Компанијата КјурВак соопшти дека најрано во јуни, најдоцна во јули, ќе ги тестира првите вакцини врз полнолетни и здрави лица кои не биле изложени на вирусот, потоа вакцината ќе биде инјектирана на веќе изложени лица, и конечно на највозрасните луѓе во населението, кои се и најризичната група.
-Целта е да се испита кој вид на антитела ќе бидат предизвикани од вакцината и да се разбере кој е имунолошкиот одговор кај луѓе што биле природно заразени, изјави Стефен.
Тестовите ќе се вршат врз две до три илјади лица во Белгија и Германија.
КјурВак информира дека има уште две до три потенцијални вакцини во случај оваа да не се покаже ефикасна.
Ново на Сител
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад