Првично 80 до 100 проценти штета од невремето во Преспа

Невремето од силен ветер, дожд и град што пред 20-тина дена го зафати Преспанскиот регион предизвикало 80 до 100 проценти штета кај земјоделските култури и овошните насади, покажуваат првите проценки на Општинската Комисија за штета формирана непосредно по невремето.
Според првичните проценки, како што информира за МИА, градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски зафатени се 420 хектари површина во реонот на Долна Преспа, на потегот кон граничниот премин „Маркова нога“.
Комисијата, појасни, направила проценка за штетата во основното училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, како и на подрачните училишта во Крани, Наколец и Штрбово, со цел до 1 септември да бидат оспособени за почеток на школската година.

– Првично направивме проценка на штетата на училиштата и побаравме од Владата средства за нивно оспособување за почетокот на учебната година. За санација на штетата во основното училиште во Љубојно и подрачните во Крани, Наколец и Штрбово потребни се околу еден милион денари, истакна Гошаревски.
Допрва, нагласи градоначалникот, ќе се прави детална анализа врз уништените јаболкови насади, бидејќи стеблата претрпеле повеќе годишна штета.
Пријавувањето за штетите предизвикани од невремето што ја зафати Долна Преспа на 10 јули е во тек и ќе трае до 5 август.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
