Првични резултати: Курц со мнозинство освоени места во парламентот, Слободарската партија во опозиција
Сите изборни места во Австрија се затворени. Според првите прелиминарни резултати, Народната партија на Себастијан Курц освои 37,2 проценти од гласовите, на врото место се Социјалдемократите 22, Слободарската партија 15, Зелените 14,3, Неос 7,4.
Врз основа на 46,4 проценти преброени гласови ОВП освои 37,2 проценти од гласовите, што претставува за 5,7 проценти повеќе во однос на 2017 година.
Слободарската партија на Норберт Хофер според бројот на мандатите е најголем губитник, од 51 падна на 30 места. Зелените триумфално се враќаат во парламентот со 27 пратеници. Покрај слободарската партија најголеми губитници се и Социјадемократите.
Слободарската партија ја плати цената на аферата Ибица, каде Ханс Кристија Штахе договара бизнис со внука на руски олигарх, ќе го продолжи својот политички ангажман во опозиција, најави генерланиот секретар Харалд Вилимски.
Изборниот резултат според него значи одбивање на гласачите за продолжување на коалиција со народњаците на Курц и бара ФПО да почне од почеток.
Од опозиција ќе работи на враќање на своите гласачи, иако во предизборната кампања акцентот беше ставен на продолжување на партнерството со ОВП.
Ново на Сител
-

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата направена поради поплавите
-

Ѓоковиќ донесе одлука – нема да се појави на терен
-

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува, МВР со апел да се почитуваат правилата
-

Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
-

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа
