Први слики од ужасот, земјотрес со јачина на Скопскиот '63 ја стресе Јапонија
Најмалку седум лица се повредени во силниот земјотрес кој денеска ја стресе западна Јапонија, при што во погоденото подрачје дошло до прекин на електричната енергија, а забележена е и помала материјална штета на некои згради, соопштија локалните власти.
Од 7 повредени, едно лице се здобило со потешки повреди, пренесе агенцијата АП.
Јапонскиот метролошки завод соопшти дека земјотрес со јачина од 6,6 по Рихтерова скала ја погоди префектирата Тотори, околу 700 километри западно од Токио.
Епицентарот е на релативно мала длабочина од 11 километри, а таквите плитки потреси можат да предизвикаат поголема материјална штета од оние подлабоките, иако се чини дека денешниот земјотрес во западниот дел од Јапонија предизвика помала штета.
Се срушија, најмалку две куќи, а телевизиските снимки покажуваат дека на некои згради им се оштетени покривите, се урнал ѕид од една работилница за производство на саке, а во продавниците попаѓале шишиња вино и прехранбени артикли од полицита на подот.

Јапонската државна телевизија НХК објави дека една жена е повредена додека готвела во ресторан, па се здобила со изгореници од врелото масло.
Земјотресот предизвика привремен прекин на струјата во околу 32.000 домаќинства.
Јапонските власти предупредуваат дека нема опасност од цунами.

Ново на Сител
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи