Првата вакцина против маларија пуштена во оптек во Малави
Светска здравствена организација (СЗО) го поздрави пуштањето во оптек на првата вакцина против маларија во Малави.
Тоа е прва од трите држави во Африка, каде вакцината позната како РТС,С, ќе биде достапна за деца до двегодишна возраст. Следните неколку недели и Гана и Кенија ќе ја воведат вакцината РТС,С.
Маларијата е една од најсмртоносните болести во светот. Секои две минути починува едно дете од маларија. Најголемиот број смртни случаи се во Африка каде над 250.000 деца умираат од маларија секоја година.
Децата под пет години имаат најголем ризик од заболување или компликации од болеста. Во одредени делови од светот маларијата убива околу 435.000 луѓе годишно, а поголемиот број од нив се деца.
Триесет години од откривањето на вакцината РТС,С е единствена вакцина која е ефикасно средство за намалување на стапката на заболени деца од маларија.
Клиничките истражувања покажуваат дека вакцината спречува четири од 10 случаи на маларија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
