Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години
Британскиот премиер Кир Стармер ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на Самитот Г20 во Бразил, што претставува прва средба на британски лидер со Си од 2018 година.
Стармер, како што известува Би-Би-Си, ќе ја истакне важноста од соработка со Кина за глобалната стабилност, климатските промени и економскиот раст, но ќе ја нагласи и потребата од „чесни разговори за прашања каде постојат несогласувања“.
Стармер, како што изјави денеска на пат кон Рио де Женеиро, главна тема за него, ќе биде поддршката за Украина, додека доаѓаат извештаи дека САД дозволиле Украина да користи ракети со долг дострел за напади врз Русија.
Кина, која е критикувана за својата поддршка на Русија во војната, ќе биде повикана на „прагматична ангажираност,“ додека британската влада ќе се фокусира на градење партнерства за економски раст и глобална безбедност.
Самитот на Г20 се одржува денеска и утре во Рио де Жанеиро.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал