Прва регионална конференција за опстанок на угостителството во услови на КОВИД-19
Скопје денеска и утре е домаќин на првата регионална конференција „КОВИД-19 – неформален партнер: Угостителите во очекување на вториот бран” чија цел е да се согледаат последиците од ударот на првиот корона бран во угостителството, но и да се изнајдат начини за ублажување на последиците од вториот бран.
Конференцијата ја организира Независната угостителска комора (НУК) која најавува учество на владини претставници, претставници на локалните самоуправи од регионот, како и претставници на релевантни институции од ЕУ и од Светската здравствена организација.
-Во пресрет на вториот бран на вирусот, во изминатите денови сме сведоци на нови шокантни вести од целиот свет за новите рестриктивни мерки кои веќе се најавуваат за имплементација или веќе се на сила. Со овие мерки се задава нов и уште посилен удар на угостителската индустрија од која зависат и живеат милиони луѓе во светот. Министерот за здравство Венко Филипче, во интервју за медиумите, излезе со став дека е можно враќање на рестриктивните мерки како што се полицискиот час, забрана за јавни собири и затворање на угостителските објекти. Во нашата земја има 6.500 угостителски објекти со повеќе од 35.000 пријавени вработени и повеќе од 10.000 сезонски работници кои заедно со своите семејства сочинуваат повеќе од 200.000 од населението во нашата земја, вели претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.
Според НУК, на конференцијата, стручни медицински лица, балкански асоцијации, комори и здруженија на угостители, производители, дистрибутери, увозници и останати засегнати страни ќе имаат можност преку работни панели да придонесат кон дискусијата. Императив ќе биде сите засегнати страни да се вклучат во единствената цел – справување со кризата и просперитет на секторот заедно со неформалниот партнер КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево