Македонија
22. October 2020 - 12:39

Прва премиера во струмичкиот театар

За прв пат од прогласувањето на пандемијата актерите од струмичкиот театар повторно застануваат на сцена. Тетовирани души од Горан Стефановски ќе биде првата премиера оваа година. Подготовката на претставата започна во февруари, но нејзината реализација беше прекината поради пандемијата со корона вирусот. За актерот Бранко Бенинов подготовката на еден ваков проект во услови на пандемија и под посебни здравствени протоколи било исклучително тешко.

Режисер на претставата е Љупчо Ѓоргиевски. Тој за овој текст се одлучил поради неговата актуелност и покрај тоа што истиот е пишуван во 1985 година во еден друг политичко општествен контекст.

Во претставата играат актерите Коста Ангов, Стојан Велков-Трн, Кире Ѓоргиев, Тинка Ристеска, Бранко Бенинов, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова и Лука Митев. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимите на Андреј Ѓоргиевски, додека музиката ја потпишва Марјан Неќак.  Од струмичкиот театар потенцираат дека претставата ќе се игра согласно сите здравствени протоколи и со максимално 30% од вкупниот капацитет на салите во театарот.