Прва посета на македонски премиер во УНЕСКО
Премиерот Димитар Ковачевски ја почна официјалната посета на УНЕСКО во Париз, каде што го пречека генералната директорка на УНЕСКО Одре Азуле.
Како што информира владината прес-служба, посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на македонски премиер на УНЕСКО.

Ковачевски, придружуван од министерката за култура, Бисера Костадиновска - Стојчевска, имаше средба со генералната директорка на УНЕСКО Азуле.
- На средбата се истакна дека Република Северна Македонија оваа година одбележува 30-годишен јубилеј од зачленувањето во оваа организација на Обединетите нации за образование, наука и култура. Во актуелниот глобален културолошки контекст, Северна Македонија е вреден пример на успешна мултиетничка демократија, како држава којашто покажа на дело дека дипломатијата е средство за решавање на предизвиците. И со македонското древно јазично и културно наследство и преку функционалното мултикултурно општество, продолжува да придонесува во мозаикот на различности што ги негува и УНЕСКО, а коишто се карактеристика на заедничкиот свет, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
