Прва несреќа на Егзит: Падна момче од Петроварадинската тврдина

На Егзит нешто по полноќ настрада еден посетител на музичкиот фестивал во Петроварадин.
Имено, момчето кое било посетител зошто на себе носел нараквица, паднало од бедемот, долу во близина на еден ресторан кој се наоѓа на Каменичкиот пат, каде инаку е и ВИП влезот.
-Што му се случило засега не се знае. Главно тој од бедемот на тврдината, односно од висина од околу 20 метри паднал во улицата Каменички пат. Итната помош веднаш пристигнала, зошто била во близина, но за жал само констатирала смрт кај момчето, дознава српски Курир.
Организаторите на Егзит соопштија дека момчето настрадало надвор од оградениот дел на фестивалот.
-Длабоко сочувствуваме со семејството на настраданото момче. Несреќниот случај се случи надвор од просторот на фестивалот, откако момчето го напуштило фестивалот. Судејќи според отчитувањето на времето на влез, момчето кратко се задржало на Егзит и потоа излегло низ фестивалската капија кон Каменички пат. Во прашање е осветлен простор на кој се наоѓа трајна ограда поставена пред повеќе години од страна на градските служби кои управуваат со тврдината, а на крајот се наоѓа бедем висок околу 20 метри. Во тек е увид на полицијата и се уште не се познати причините за прескокнувањето на таа ограда и другите околности на овој несреќен случај кој се случил на патот покрај Егзит фестивалот, соопштија организаторите.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
