Свет
17. April 2019 - 12:53

Прва молитва за Нотр Дам: Верниците се собраа пред уништената катедрала во Париз

Стотици луѓе се собраа на молитва во близина на катедралата Нотр Дам во Париз, која во понеделникот изби пожар. 
 
На собраните луѓе им се придружи и оркестар кој свиреше пред статуата на Дева Марија. Организаторите на собирот изјавиле дека сакаат да покажат колку им е важна катедралата Нотар Дам. 
 
Пожарот во катедралата во Париз изби во понеделникот во 18.50 часаот, кога катедралата е затворена за јавност. 
 
Во гасењето на пожарот учествувале околу 400 пожарникари. 
 
По деветчасовната борба, околу три часот утрото пожарот бил локализиран од страна на пожарникарите.