Фудбал
28. February 2016 - 10:20

Прва МФЛ: Вардар на испит во Турново

Гостувањето на Вардар во Турново и на Шкендија во Штип се натпревари кои можат да го „збркаат“ домашното првенство. Секој кикс на фаворитите може да биде решавачки за конечниот епилог во домашното првенство. Незгодно гостување има и Силекс во Охрид додека за скопските љубители на фудбалот  уживање ќе приредат Металург и Работнички кои играат на с. Борис Трајковски во н.Маџари.
 
ДВОЈКИ ЗА 20 КОЛО (14 ч.)
 
Турново: Х. Турново – Вардар
 
Маџари: Металург – Работнички
 
Кочани: Брегалница – Шкендија
 
Охрид: Младост ЦД – Силекс
 
Чаир: Шкупи – Ренова
 
ТАБЕЛА:
Вардар 46, Шкендија 41, Работнички 27, Шкупи 27, Силекс 27, Брегалница 20, Ренова 20, Х. Турново 20, Младост ЦД 16, Металург 13.