Фудбал
22. August 2021 - 18:52

Прва МФЛ: Победи за Шкендија, Скопје и Работнички, Шкупи поразен во Струга

Шампионот Шкендија однесе убедлива победа од 4-0 против  Македонија ЃП со што го искористи киксот на Шкупи во Струга да фати приклучок кон врвот на табелата. 
Домашните го отворија резултатот преку Бесарт Ибраими во 6-тата минута и на следните голови се чекаше до самиот финиш кога блесна Дориев со два погодоци и младиот Елези со што Шкендија ја потврди убедливата победа против Ѓорчепетровци од 4-0. 
Првата победа во домашното првенство за Скопје  и тоа со 1-0 против Пелистер. Стрелец на златниот погодок за домаќинот беше Јашаровски по што Пелистер останува без постигнат гол во годинешново првенство. 
Фудбал ПРВА МФЛ  4.коло
Борец – Брегалница 1-1
Скопје – Пелистер  1-0
Работнички – Тиквеш 2-1
Шкендија – Македонија ЃП  4-0
Струга ТЛ- Шкупи 4-2
А. Пандев – Ренова