Фудбал
28. September 2019 - 17:32

Прва МФЛ: Голема победа на Шкупи

Во првиот дуел од 8. прволигашко коло екипата на Шкупи го изненади шампионот Шкендија совладувајќи го со 2-0 пред својата публика на Чаир.
Мечот започна одлично за гостите кои имаа шанса да го отворат резултатот од пенал но Бесарт Ибраими го натфрли голот и двете екипи на крајот од првиот дел заврппија со почетниот резултат.
Во второто полувреме на сцена стапи Марин Јурина кој со два гола донесе голема радост за домашниот тим и значајни три бода во битката за горниот дел од табелата додека тетовчани го губат чекорот кон одбраната на титулата.
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Шкупи - Шкендија 2-0
Вардар - А.Пандев
Силекс - Работнички
Струга ТЛ- Македонија ЃП
Ренова - Борец