Кошарка
19. December 2016 - 8:44

Прва лига: Триумф на Кожув над Охрид

Кошаркарите на Кожув многу потешко од очекуваното славеа победа во дуелот против дебитантот АБ Охрид, со кој беше комплетирано 6.коло до Првата македонска лига. 
 
На средбата одиграна синоќа во Гевгелија, избраниците на Игор Михајловски го совладаа АВ Охрид со 66:60 по четвртини 17-12, 17-16, 15-19, 17-13. 
 
Американецот Кенион Мекнил и Србинот, Миливоје Мијовиќ постигнаа по 15 поени во третата победа сезонава за Кожув, додека АВ Охрид го претрпе петтиот пораз. 
 
На претходно одиграните натпревари од 6.коло беа постигнати овие резултати: 
Фени Индустри – Струмица 71:62,
Вардар – Куманово 67:92 и
Работнички - Пелистер 90:53.
 
Табела: Работнички 12 бода, Фени Индустри 12, Куманово 10, Кожув 9, Пелистер 8, Струмица 8, АВ Охрид 7, Вардар 6.
 
Следното коло на програмата е веќе во среда 21 декември.