Кошарка
21. December 2016 - 22:31

Прва лига: Работнички продожува со победите

Екипата на Работнички ја постигна и седмата победа во Првата кошаркарска лига откако вечерва на гостувањето во Кавадарци го совлада домаќинот Фени Индустри со 84:76. Ова за Фени Индутсри беше прв пораз.
Гостите од Скопје победата ја обезбедија во второто полувреме, кое го добија со 48:35 и водството на противникот од 23.минута од 48:36 брзо го претворија во свое водство. Димитар Мираковски од Работнички со 20 поени беше најефикасен на натпреварот, а кај домаќинот Јане Петровски реализраше 17 поени.
Победа на гости оствари и Кожув, кој во Битола го победи Пелистер со 83:69. Домашна победа во ова коло постигна Охрид, кој го совлада Вардар со 73:64.
Куманово ја совлада Струмица со 93:72.
 
Табела: Работнички 7-0 (победи - порази), Фени Индустри 6-1, Куманово 5-2, Кожув 4-3, Струмица 2-5, Пелистер 2-5, Охрид 1-5, Вардар 0-6.