Македонија
3. September 2018 - 15:21

Прв училиштен ден за 200 првачиња во општина Илинден

Двесте првачиња денеска прв пат седнаа во училишните клупи во трите основни училишта во  општина Илинден. 

Добредојде и успешен почеток на новата учебната година, но и во понатамошното образование на 2.000 ученици од општинските основни училишта „Гоце Делчев“, „Браќа Миладиновци“ и „Ристо Крле“ и петте подрачни основни училишта, им посака градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Пред почетокот на првиот училишен час учениците од повисоките одделенија во трите основни училишта во чест на првачињата подготвија пригодни приредби, а градоначалникот Стојановски, како и во изминатите години, на сите првоодделенци им подели пригодни подароци.