Прв состанок на Работната група за ветингот во МВР
Ветингот во МВР треба да биде инклузивен, транспарентен и објективен, со јасно дефинирани цели и рокови, оценето е на денешниот прв состанок на Работната група формирана од министерот за внатрешни работи по заклучок на Владата, која има задача да спроведе анализа на тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството, односно да изготви предлог – план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на состанокот ги појасни причините од кои произлезе потребата за ветинг.
Со цел да се обезбеди транспарентност и максимална инклузивност на сите субјекти кои можат да дадат придонес во дефинирање на процесот, Работната група ги вклучува вработените во МВР, Македонскиот полициски синдикат, претставниците на меѓународни организации (Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на САД во Скопје), невладиниот сектор и академската јавност. Работата на групата ја предводи и со неа претседава професорот д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје.
На состанокот, како што соопшти МВР, биле утврдени насоките за понатамошните активности, со цел воспоставување на соодветна рамка за текот на процесот ветинг на вработените во Министерството за внатрешни работи, која ќе ги опфати сите потребни елементи и принципи за ефикасно спроведување на процесот.
Модератор на состанокот беше државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција

