Свет
5. March 2020 - 21:13

Прв смртен случај од коронавирус во Велика Британија

Во Велика Британија денеска е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, објави весникот „Мирор“.
 
Еден повозрасен пациент со лоша здравствена состојба почина откако беше позитивен на тестот на коронавирус, а се претпоставува дека се заразил во Велика Британија.
 
Ова е прв смртен случај во Британија од коронавирус, по смртта на британскиот државјанин на 28 февруари на бродот „Дајмон Принцес“, кој се наоѓаше во карантин во близина на јапонското пристаниште Јокохама.