Македонија
22. March 2020 - 15:17

Прв смртен случај од коронавирус во Македонија

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека има прв смртен случај од корона вирус во Македонија.

Се работи за жена 57 години од Куманово. Навремено биле земени два теста и двата биле негативни, но и покрај негативните тестови таа била третирана во изолација. Во моментов нејзиниот син е исто така во изолација.