Прв случај на заразен со коронавирус во Мадрид

Првиот случај на заразен со новиот коронавирус е регистриран и во Мадрид, со што вкупниот број на заболени во Шпанија достигна седум лица, соопштија шпанските агенции, повикувајќи се на здравствените власти од престолнината.
Станувало збор за 24-годишен маж, кој пред извесно време се вратил од северна Италија.
Во врска со нараснатиот број на болни од коронавирусот шпанското Министерство за здравство на луѓето им препорача да не патуваат за Иран, Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Јапонија и четири италијански области.
Според последните податоци, бројот на жртви од вирусот во Италија достигна 11, а заразените се над 320. Повеќето од болните живеат во северните области Ломбардија и Венето.
Заради ширењето на епидемијата и Русија денеска им препорача на своите граѓани да не патуваат за Италија, Иран и Јужна Кореја „до стабилизирање на ситуацијата”, наведе на својот сајт руската Санитарна агенција, пренесоа француските медиуми.
Ново на Сител
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
-

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, кривична пријава против четири деца и пет родители
