Свет
10. March 2020 - 10:23

Прв случај на Ковид-19 во Панама

Во Панама е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопшти претседателот на земјата Лорентино Кортисо.

– Можеме да го потврдиме првиот случај на Ковид-19 во нашата земја. Ги зајакнуваме хигиенските мерки и ги повикуваме сите граѓани да ги следат препораките на Министерството за здравство, напиша Кортисо на Твитер.

Новиот коронавирус е откриен кај 40-годишна жена, но нејзината националност не е објавена.

Неименуваната жена допатувала од Шпанија, а по доаѓањето во Панама побарала лекарска помош откако поради висока температура и кашлање, соопшти Министерството.