Прв случај на Ковид-19 во Македонска Каменица
![]()
Странски државјанин вработен во рудник „Саса“ е првиот позитивен пациент на Ковид-19 во Општина Македонска Каменица. Лицето е редовно вработено во рудникот и тестот го направил заради патување во странство, при што истиот бил со позитивен наод.
-Лицето е во добра здравствена кондиција и е без симптоми, а веднаш по добивањето на информацијата за позитивниот резултат е во самоизолација, информираа надлежните институции.
Од Центарот за јавно здравје, направена е епидемиолошка анкета на одделот во кој што работел, како и во објектот каде бил сместен странскиот државјанин.
Од рудник „Саса“ од почетокот на пандемијата формирано е координативно тело за успешно справување со пандемијата. Исто така спроведени се анкети и разговори со вработените во компанијата како и дополнителни активности согласно препораките и мерките за заштита на вработените.
Од општината од синоќа започнаа со спроведување на дополнителни мерки за заштита на населението, а најавен и состанок на Опшинскиот кризен штаб со цел дефинирање на понатамошните активности за спречување на понатамошно ширење на заразата.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
