Прв случај на корона вирус во Кавадарци
Едно лице засега од Кавадарци е регистрирано и се смета за прв случај со позитивен наод при испитување за заразата. Лицето се тестирало во Клиниката „Жан Митрев„ по сопствена желба. Денеска до пладне ке биде познат исходот од второто тестирање.
Новиот втор брис е земен и се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје, чија лабораторија е референтна за тестирање од корона вирусот.
Кавадарчанецот ова сознание го добил синоќа во 24 часот, кога му соопштиле дека е позитивен на коронавирус.
Граѓанинот моментно е болнички згрижен на Инфективната клиника во Скопје. Податоците ни се потврдени од епидемиолог.
Неофицијално лицето не е возач, но за свои потреби патувало низ државата. Се очекува Министерот за здравство и официјално да соопшти дали има или не потврда на овој случај, на првата наредна прес конференција.
Ново на Сител
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
