Македонија
24. September 2022 - 16:39

Прв саем за локален развој

Иницијативи за развој на руралните средини има, но она што недостасува е поголема поддршка од државата. Предизвиците со кои се соочуваат локалните акциски групи, но и нивните активности  беа презентирани на првиот саем за локален развој кој се одржа во Радовиш, а го организираа македонската и балканската мрежа за рурален развој со поддршка на УСАИД. Според Петар Ѓоргиевски од мрежата за рурален за да се унапредат руралните средини  неопходно е поголемо внимание од страна на министерството за земјоделие.

Во Македонија функционираат 13 локални акциски групи од кои девет веќе се регистрирани во министерството. Една од нив е ЛАГ Плачковица. Постои четири години и досега има реализирано неколку проекти. За побрза реализација на нивните иницијативи апелираат на поголема флексибилност од страна платежната агенција и намалување на административните процедури.

Локалните акциски групи се непрофитни граѓански организации од одредени региони во кои учествуваат граѓански здруженија, локалните самоуправи и бизнис секторот. Нивна цел е развој на руралните средини.