Кошарка
18. August 2015 - 21:15

Прв пораз во подготовките за Македонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз во подготовките за Европското првенство. Во рамките на „Хуавеј купот“ во Каунас Литванија ја победи Македонија со 68:62 (11:17; 16:15; 15:18; 26:12). Победникот беше решен во последната четвртина која Литванците ја добија со 14 поени разлика.

Во текот на целото прво полувреме Македонија се наоѓаше во водство и на полувремето беше 32:27.
На стартот во вториот дел Литванија почна со серија од 8-0, но нашите кошаркари пак го презедоа водството. Македонија имаше предност до 35.минута, а од тие моменти домаќинот го презеде водство кое го зачува до крајот на натпреварот.
Војдан Стојановски постигна 14 поени и беше најефикасен во нашата репрезентација. Самарџискиимаше 13 со 11 скокови, а Костовски реализира 11 и Симоновски 10. Кај Литванија, најпрецизен беше Кавалиаускас со 15 поени.
На вториот натпревар од турнирот Хрватска ја победи Турција со 74:66.
Утре Македонија ќе игра против Турција со почетокот во 15:45 часот.