Прв пат потпишана Декларација за соработка во земјоделство со Република Чешка
Соработка во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбените производи, консолидацијата на земјоделско земјиште, осигурувањето, финансиската поддршка, здравјето на растенијата и фитосанитарната и шумарската политика, како и во евро-интегративните процеси во земјоделските и руралните сектори: шумарството, рибарството и аквакултурата, лозарството, производство на вино, предвидува Декларација за намера помеѓу Република Чешка и Република Северна Македонија што ја потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговиот чешки колега, Мирослав Томан.
Николовски, кој е во официјалната посета на Чешка, имаше работна средба со Томан на која беше искажана подготвеноста на чешките институции да го пренесат целокупното искуство кое и е потребно на Република Северна Македонија за пристап во Европската унија од аспект на правила, постапки, процедури, легислатива и стандарди за квалитет и безбедност на храна, како неопходен предуслов во процесот на прилагодување.
Како што соопшти МЗШВ. Чешка како членка на ЕУ користи една милијарда евра за модернизирање на земјоделството и подобрување на условите во руралните средини. Бенефитот за земјоделците од влезот во ЕУ е голем, но истовремено е неопходно да се достигнат стандардите за квалитет и безбедност на храната. Чешка е на врвот на ЕУ во одгледување добиток и поседува најдобар генетски материјал, а инспекциските служби се едни од најстрогите во Европа. Во оваа насока, министерот Томан ја понуди нивната помош за пренесување на потребното знаење и искуството. Воедно, на средбата беа отворени голем број актуелни прашања, кои се приоритетни за реформа во шумарството, водостопанството и справувањето со климатските промени.
-Со Република Чешка прв пат се потпишува документ за соработка во областа на земјоделството, што претставува позитивен импулс во унапредување на взаемната соработка. Ова е прва средба на министри за земјоделство на двете земји по подолг период и беше оценета како многу успешна, бидејќи се дискутираше за конкретни теми и можности за соработка, наведува Министерството.
Ново на Сител
-
Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори
-
Што се знае за HMPV
-
Трамп објави мапа на САД со Канада како 51. сојузна држава
-
Интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени без доволна поддршка, ставовите за Даути допрва ќе се соопштат
-
Сончево и релативно топло, по котлините магла и ниски облаци
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис