Прв натпревар за Microsoft Office Specialist во Македонија

Ученици од основни и средни училишта, како и студенти на факултети, на возраст од 13 до 22 години, до 15-ти месецов можат да се пријават за учество на првиот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist во Македонија.
Натпреварот го организира Certiadria, официјален партнер на Certiport за Македонија и регионот, заедно со компанијата Microsoft Македонија. Учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат покажувајќи вештини и познавања со полагање тест на Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint, од MS Office 2010 или MS Office 2013.
Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржува во Скопје и во уште неколку градови во два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата. Најдобрите од овој круг влегуваат во финалниот натпревар, кој ќе се одржува во Скопје на 28 овој месец и на кој победниците можат да се стекнат со многу вредни награди.
Најдобриот натпреварувач ќе ја претставува Македонија на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist, што оваа година ќе се одржува во Дизниленд, во Орландо САД.
За пријавување за натпреварот се пополнува апликација на веб страната: www.certiadria.com.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
