Македонија
22. October 2015 - 10:06

Прв македонски фолклорен фестивал „СОНЦЕ 2015” во Корча

Македонскиот културен центар „Сонце”, по повод празникот 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба, организира во Корча, Албанија, македонски фолклорен фестивал „СОНЦЕ 2015”.

- На фестивалот ќе настапат четири македонски фоклорни групи од Албанија од областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Од Пиринска Македонија ќе настапи македонската фолклорна група „Разлошки мераци” на друштвото „Пирински глас” од Разлог и од Република Македонија ќе настапи ансамблот „Македонија”, вели Васил Стерјовски од МКЦ „Сонце“.

На фестивалот ќе бидат изведени изворни македонски народни песни и ора. Овој значаен културен настан за Македонците во Албанија ќе се одржи во театарот „Андон З. Чајупи” во Корча на 23 октомври со почеток во 18.00 часот.