Прв квиз натпревар со учество на слепи лица

Прв квиз натпревар со учество на слепи лица денеска се одржа во Велес, во организација на Здружението на слепи лица на Велес, под покровителство на Националниот сојуз на слепи лица на Македонија и во соработка Општина Велес.
На квизот учествуваа две екипи - првата составена од лица без оштетен вид и втората екипа составена од слепи лица. Тони Пајдаков претседател на Здружението на слепи лица на Велес, рече дека квизот бил промотивен.
- Целта на квизот е да го свртиме вниманието на јавноста и да и покажеме што значи адекватниот прием на информации. Токму овие примери јасно покажуваат дека информациите мора да бидат доставени до секого на соодветен начин. За слепите лица тоа е Брајовото писмо или во аудио формат, изјави Пајдаков.
Тој додаде дека имаат добра соработка со Општина Велес која неодамна им набави нов печатач на Брајова азбука. За догодина најави ваков квиз натпревар со сите здруженија на слепи лица од Македонија.
Првиот квиз натпревар со учество на слепи лица беше организиран во рамки од одбележувањето 70 години од формирањето на Националниот сојуз на слепи лица.
Ново на Сител
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
