Прв круг преговори за склучување договор за социјална сигурност меѓу Македонија и Русија

Прв круг преговори меѓу македонски и руски експерти за склучување на Договор за социјална сигурност меѓу Република Македонија и Руската Федерација се одржаа во периодот од 18 до 20 октомври 2016 година во Москва, Русија.
На состанокот, како што соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, делегациите на двете земји размениле информации за правните прописи во областа на пензиското и здравственото осигурување, права по основ на невработеност, повреда при работа, професионална болест, како и права по основ на бременост, раѓање и мајчинство.
- За време на преговорите се разгледуваа одредби од Нацрт текстот на Договорот за соработка во областа на социјалната сигурност предложен од руска страна, се вели во соопштението.
Двете делегации се договориле вториот круг преговори да се одржи во март 2017 година во Скопје.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
