Македонија
5. July 2019 - 16:50

Прв форум на креативни градови во Битола

Развиената филмска индустрија е еден од адутите со кои Битола може да се афирмира, а со тоа и да се зголеми локалниот развој. Битола е рамноправен член на 13-те креативни градови за филм од мрежата на УНЕСКО, единствен град од државата и еден од ретките во регионот.

-Ние сметаме дека Битола има голем капацитет да се развива како голем филмски град, се надеваме дека со соработка помеѓу градовите повеќе идеи ќе се развиваат и повеќе филмови ќе се снимаат. Битола е познат филмски град, тука се снимани повеќе светски, европски, балкански филмови, изјави Весна Ристовска, претседател на Здружение „Центар за филм“ - Битола. 

-2015 година по препорака на УНИКА и наша, и затоа што се оргнизира и големиот фестовал „Браќа Манаки“ се донесе одлука да градот Битола биде под заштита на УНЕСКО, како град на филмската култура и уметност, рече Стефан Хаџиантоновски , кино клуб „Милитон Манаки“. 

Какви се искуствата со другите градови? Софија е меѓу првите десет метрополи во развој на креативната индустрија.

-Се покажа дека дури и кога имало економска криза, филмската индустрија е еден од трите сектори во Бугарија кој има непрекинат економски раст, има странски инвестиции, вработеноста расте и тоа е всушност големата полза, може да ја наречеме Софија кретивен град на киното и град на креативната економија, изјави Дијана Андреева, директор на опсерваторија за културна економија, Бугарија. 

-Проект во кој млади монтажери склопуваат слики од класичните филмови со модерни видеа снимени на мобилен телефон и тоа придонесува кон поинаков поглед на нешатата и развивање на друг вид проекти во рамките на градот, изјави Мариа Колети, национална филмска архива, Италија. 

Со цел да се изнајдат иновативни решенија за локалниот развој на градовите во Битола се одржа првиот форум на креативните градови.