Живот

Прв етнографски фестивал во рамките на Илинденски денови

Со првиот фестивал посветен на етно филмовите, денеска започнува 52.издание на фестивалот Илинденски денови во Битола. Селектираните филмови на овој „Интернационален етнографски филмски фестивал“ опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти. 

-Со самиот факт дека Битола е филмски град, а битолчани сме потомци на раќата Манаки, кои се првите сниматели на документарни етно материјали од веремето кое живееле, мислам дека овој фестивал е одлично што го создаваме во рамккте на Илинденски денови, зашто тука му е местото, изјави Маја Андоновска Илијевски, директор на Центар за култура Битола.

Целта е да ги охрабрува истражувачките и создавачки пристапи во етнографските филмови, да ја едуцира публиката за богатството и разновидноста на локалните културни традиции.

-Тие филмови се некој модерен одраз на минатото, тие филмови ќе бидат патоказ како нашите идни етнолози и филмаџии треба да се развиваат и кој е денешниот момент на развој на тој етнографски филм, изјави Валентин Соклевски, програмски селектор на фестивалот. 

Инаку официјалното отворање на фестивалот „Илинденски денови“ ќе биде на 26 јули со традиционалното дефиле, а ќе се одржува под мотото „Од корените до цветот“ и за прв пат ќе трае 12 дена.