Прв ден на тргување на Македонската берза на електрична енергија
Македонската берза на електрична енергија денес официјално стартува со работа. Со домашната берза раководи националниот оператор на пазарот за електрична енергија „МЕМО“.
Проектот е работен над пет години а официјално заживеа по измените на Законот за енергетика во 2018 година со што формално беше либерализиран и пазарот на електрична енергија а законодавството во оваа сфера беше прилагодено на европското.
Досега 22 компании се пријавиле за трговија на берзата. Македонската берза прво ќе биде во границите на земјава се додека не настапи првото спојување со некоја од соседните берзи. На неа ќе можат да тргуваат сите учесници на пазарот на големо на електрична енергија кои се регистрирани во регистерот на регистрирани учесници на пзарот кој го води државниот оператор „МЕМО“.
Ново на Сител
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
