Прв чартер лет од Германија

Уште во опозција започнавме разговори со една од најголемите туристички агенции во Европа која носи туристи надвор од главната сезона и еве ги резултатите денеска. Првиот авион со 180 туристи пристигна денеска. Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35 илјади туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостување на Дневникот на МТВ.
Како што потенцираше вицепремиерот Николоски, концептот е секој турист да помине по два дена во Скопје и во Охрид со што ќе се потикне туристичката дејност а очекувано е да се зголеми и девизниот прилив на државата.

"Туристите ќе доаѓаат од февруари до мај и во периодот од октомври до ноември, надвор од зимската и надвор од летната сезона, период во кој обично хотелите се затвораат оти немаат доволно гости. Ова е туристичка агенција која го работи целото хрватското приморје со посебен фокус во Дубровник каде што милиони туристи носат годишно. Ние уште во опозција работиме на ова, не беше лесна задача. Имавме среќа бидејќи дел од врвниот менаџмент на оваа турисичка агенција е од Македонија, па така интересно е дека почнуваат со 35 илјади туристи за оваа година со ветување дека ќе оди нагоре. Тие ќе поминуваат најмалку два дена во Скопје и два дена во Охрид а ќе имаат и останати посети. Тоа ќе значи целосно искористен капацитет за неколку хотели, посетени ресторани, посетени музеи и девизен прилив за Македонија. Ако се претпостави дека еден турист би оставил 200 евра по својата посета може да се пресмета колку средства се тоа. Веќе следната година очекувам бројката да оди нагоре. Во ова значајна улога имаше и Министерството за култура и туризам”- истакна вицепремиеорт Николоски.
Тој најави дека веќе од 27 март започнува со летање новата линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул до Охрид и претходно од 20 март летот од Скопје до Амстердам.
Со политикта на финансиска подршка за нови дестинации, до сега се воспоставија 10 нови авиолинии од кои осум од скопскиот и две од охридскиот аеродорм.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
