Пругата до Албанија ќе чини 500 милиони евра, проектот е готов
Готова е железничката пруга од Кичево до Лин, ама само на хартија.
Владата допрва ќе бара половина милијарда евра пари од ЕУ со кои ќе се гради линијата на македонска територија, по што ќе се знае кога ќе почне изградбата.
Пругата е долга 63 км, и ќе се протега од Кичево преку Дебарца и Струга до границата со Албанија, а се предвидува и еден крак до Радожда.
Министерот за транспорт и врски апелираше ЕУ да ја поддржи реализацијата на проектот кој е важен не само за земјава туку и за целиот регион.
Сугарески посочи дека врвен приоритет е и изградбата на пругата кон Бугарија, која треба да биде готова до 2025 година. Информираше дека делницата од Куманово до Бељаковце ќе биде готова до 2019 година. Следната година ќе почне изградбата на делот од Бељаковце до Крива Паланка а во завршна фаза е и проектот за делот до бугарската граница.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
