Бизнис
21. September 2018 - 19:40

Пругата Битола- Кременица готова до крајот на ноември

Железничката делница Битола-Кременица ќе биде комплетно завршена до крајот на ноември, а се преговара и со грчките власти се да биде завршено и од нивна страна за да се направи технички прием и да се стави во функција, вели министерот за транспорт и врски, Сугарески.

-Од нивна страна уверуваат дека се што е во нивна моќ, сум разговарал неколку пати со министерот за транспорт и комуникации на Грција, очекувањата се дека ќе ја завршиме и таа работа, кога ќе се заврши тука и оттаму да биде се завршено, се со цел да биде ставено во употреба, инаку би било без ефект. Не само заради средствата кои Македонија би ги изгубила, туку и нормално кога се прави нешто се прави да се употребува, рече  Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Министерот заедно со градоначалничката на Битола денеска направија увид на градежните работи кои се одвиваат на обиколницата над Битола. 

-Рокот за завршување е 8 месеци, но ние сме заинтересирани рокот да биде скратен. Изведувачите ме информираа дека доколку временските услови тоа го дозволат, барањето ќе биде исполнето. Ги повикувам возачите на трпение бидејќи во овој момент ние решаваме еден од поклучните сообраќајни проблеми на обиколницата која сериозно беше оштетена, рече Сугарески.

- Битолчани ова го заслужуваа многу порано. Со ваква динамика ќе продолжиме и конечно Битола ќе го има она што го заслужува“, рече наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Рехабилитацијата на овој дел од магистралниот пат Прилеп-Ресен е во вредност од 1,5 милиони евра.