Бизнис
9. April 2023 - 16:36

Проверени 20 фирми, половината имале залихи со овошје и зеленчук - ќе добијат казни

20 фирми се проверени во вчерашната акција на пазарната инспекција, финансиската полиција и УЈП. 

Сител дознава дека скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70% од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10 илјади евра, вели првиот човек на ДПИ. 

Двајца на Кванташки се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат од утре, најави Трајковски. 

Паралелно и царина истражува колку пари затаиле увозниците. Оттаму рекоа дека ќе има и прекршочни и кривични пријави, во зависност од големината на избегнатите давачки.

Владата во вторник ќе ги разгледа анализите и ќе донесе нова, повисока цена на овошјето и зеленчукот.