Протокот на лава од вулканот на Ла Палма станува посилен и побрз
Протокот на лавата од вулканот на шпанскиот остров Ла Палма денеска стана посилен и многу побрз, јави ДПА.
Вулканолошкиот институт на Канарските острови, Инволкан информира за „цунами од лава“, коментирајќи видеа од вулканот. Сепак, геологот Хозе Мангас, професор на Универзитетот во Лас Палмас де Гран Канарија, нагласи дека оваа слика е донекаде искривена.
– Во овој случај, не можеме да зборуваме за цунами, туку за текови на лава, со температура од повеќе од 1.200 степени Целзиусови, кои течат многу брзо поради стрмниот терен, изјави тој за државниот ТВ канал РТВЕ.
Вулканот еруптираше на 19 септември за прв пат по 50 години. Ерупцијата стана поинтензивна во последните денови, со повторени експлозии што фрлаа магма во воздухот, а чад се крева и до неколку километри висина.
Експертите велат дека не е можно да се предвиди кога ќе запре ерупцијата.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
