„Прото тема“: Албанците повторно го покренуваат прашањето за Чамите
Весникот наведува дека во врска со овој „инцидент“, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ги повикал на разговор амбасадорите на Франција и Албанија во Атина, а остто реагирал и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.
Коѕиас во изјава за телевизијата Мега нагласи дека ваквите провокации ги поткопуваат напорите за зближување меѓу Грција и Албанија.
- Ваквата провокација претставува кршење на правилата на УЕФА, која е одговорна за спречување на пораки со провокативни содржини и која треба да преземе мерки за казнување на виновниците, изјави претставникот на грчкото Министерство за надворешни работи, Ефатратиос Ефтимиу.
Тој нагласи дека Атина очекува албанската Влада да го осуди овој „недозволив чин“.
- Очигледно е дека овие провокации доаѓаат од маргинални групи, кои се нездоволни од зближувањето меѓу Грција и Албанија и од официјалното признание на албанското Минситерство за надворешни работи дека не постои никакво прашање за Чамерија, додаде Ефтимиу.
Но, според „Прото тема“, албанското Министерство за надворешни работи го „поттикнува“ ова прашање, што се гледа и од изјавата на неговиот портпарол, според кого, темата за Чамите „е прашање кое постои во односите меѓу двете земји“.
Два дена пред посетата на шефот на грчката дипломатија на Тирана минатиот понеделник, и албанскиот премиер Еди Рама на Конгресот на партијата на Чамите изјави дека „прашањето е реално“, наведува „Прото тема“.
Чамите и нивните потомци бараат отштета од Грција за нивното иселување од јужен Епир во 1944 година. Грција по Втората светска војната протера околу 30.000 Чами со образложение дека соработувале со нацистите.
Ново на Сител
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра