Македонија
17. јуни 2018 - 16:29

Противниците на договорот во Грција се судрија со полицијата

На 40 тина километри од Псарадес каде се потпишуваше  догворот се водеше вистинска војна, Грчката полиција  која од сите страни ја обезбедуваше локацијата, со солзавец и шок бомби  одвај  успеа да ги спречи демонстрантите да  не ја расипаат церемонијата. Неколку стотици демонстранти дојдоа до самиот кордон и  ги нападнаа специјалците со дрва и камења . Во хаосот се повредени повеќе лица.  

Демонстрантите од Солун и Северена Грција  уште во раните утрински часови организирано , со автобуси пристигнаа во близина на селото. Повекето од нив носеа грчки и црни знамиња, со транспаренти Македонија е грчка ии овде завршува Северна Македонија.  Протетсите беа организирани под мотото за  „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.

Прототема пренесува дека  на протестите учествувале  над 10 000 луге, но Екатемирини проценува дека се работи за двојно помала бројка. Насилини демонстрации имаше и вчера на плошадот СИнтагма во АТина  додека траеше гласањето за недоверба на Владата на Ципрас. Владата успеа да преживее, но по цена на осипување на колаициониот партнер Независни Грци. По Димитрис Каменос кој беше исфрлен од паријата откако гласаше против владата на Ципрас сега и координаторката на  партија Магадалена Пападопулу си замина поради несогласување со политиката на владеачката коалиција. Остри критики  на адреса на партијата Независни Грци и нивниот лидер Панос Каменос упати и одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос . 

– Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина – напиша Кумуцакос на „Твитер“.