Противниците на Асад се обединија за мировни преговори

Противниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад денеска се договорија за обединување на вооружените и политичките фракции во една организација, како подготовка за евентуални мировни преговори со Владата на Асад, изјави член на опозицијата, кој присуствуваше на средбата во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Претставници од исламистичките бунтовнички групи, опозициски политичари во егзил и активисти од Дамаск имаат за цел да ги надминат разликите, што ги попречуваа претходните ибиди за обединување на противниците на Асад околу заедничка стратегија. Тие вчера се договорија дека Асад и неговите соработници не треба да учествуваа во транзицијата кон демократијата.
Монзер Акбил, член на опозициската Национална коалиција изјави дека на конференцијата во Ријад е одлучено да се формира раководство кое ќе брои 25 членови. Во раководството ќе има шест членови од коалицијата, шест членови бнтовничките фракции, петмина претставници на активистите од Дамаск и осуммина независни.
Ново на Сител
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
