Против компанија на Трамп може да бидат подигнати криминални обвиненија во Њујорк
Обвинителите во Менхетен информираа една од компаниите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека наскоро може да биде поднесена кривична пријава против неа во врска со долготрајната истрага на неговите деловни случаи, објави Њујорк Тајмс.
Повикувајќи се на извори запознати со ова прашање, весникот наведува дека Trump Organization може да биде обвинета веќе следната недела за бонуси што им ги дава компанијата на нејзините директори, како што се употреба на станови, автомобили и школување. Адвокатот на компанијата, Рон Фискети, за Ен-Би-Си Њуз потврди дека адвокатите на Trump Organization во четвртокот имале виртуелен состанок со обвинителите за да разговараат за случајот. Тој ги опиша обвинувањата како „недолични“ и рече дека компанијата веднаш ќе поднесе предлог за отфрлање на наводите.
Ново на Сител
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне