Македонија
3. јуни 2018 - 16:06

Протестот пред Влада како сериозна опомена за власта

Три клучни пораки од синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата препознаваат политичките аналитичари.

Првата е дека масовнота посетеност е  е силна опомена за работата на владејачката гарнитура по само една година власт и по победата на СДСМ на лојкалните избори.

Втората порака е дека Мицкоски си го потврди својот легитимитет како нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата.

Третата порака, е велат аналитичарите, дека ваква веќе консолидирана опозициска партија јасно е дека ќе биде активен чинител и коректор на политичката сцена.

Според него со вакв митинг Мицкоски си обезбедува лидерско место на македонската политичка сцена.

Од владејачката партија комернтираат дека со синоќешниот протест Мицкоски прецизно продолжува по патот на Груевски. Од СДСМ велат дека тој повоторно одбил да се извини за она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше на Македонија изминативе 11 години. Излажа дека во Македонија има нула инвестиции, а барањето за предвремени избори му е политички блеф поради слабиот рејтинг, коментираат од СДСМ.

„Мицкоски повика Македонија да се врати назад, во темното минато на криминалот, корупцијата, осиромашувањто на граѓаните, на газењето на човековото достоинство, на оддалечувањето на земјата од европските вредности. И тоа нема да се случи.

 Граѓаните избраа просперитет, повеќе инвестивии, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите. Од јавна говорница денеска Христијан Мицкоски бранеше насилници под превезот на патриотизмот. Мицкоски треба да знае дека неговата партија треба да се качи на вагата на правдата. Криминалот не може да биде патриотизам колку и да викаш гласно“, напишаа од СДСМ.

За барањето з апредвремени избори од СДСМ велат дека по локланите избори  СДСМ е фаворит на какви било избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека граѓаните вчера покажале дека можат да му се спротивстават на Зоран Заев и како што велат неговите антидржавни политики.

„Граѓаните вчера покажаа дека не му се плашат на Зоран Заев и неговиот криминален картел и дека мислат дека треба да се стави крај на неговото уништување на државата. Граѓаните кажаа НЕ за дното кон кое не води Заев, НЕ за економската стагнација, НЕ за уништувањето на државните интереси, НЕ за неработењето, безнадежноста и неспособноста. Република Македонија заслужува просперитетна иднина. Оваа ненародна власт мора да си замине“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

За синоќешниот митинг известија Вашингтон Пост и Фоксњуз со наслов дека конзервативците во Македонија протестират и бараат предвремени избори, цитирајќи изјави од говорот на Мицкоски.

„Конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која управуваше во 2006-2017 година, повика на демонстрации велејќи дека левичарската влада презела “апокалиптични” потези за време на својата една година на власт“, напишаа медиумите.