Протестот на албанската опозиција во Тирана минува мирно
Пред зградата на Владата на Албанија во Тирана, на чија фасада се уште има остатоци од црната боја со која ја гаѓаа демонстрантите во саботата, вечерва се одржува петтиот по ред протест на обединетата албанска опозиција.
Дождот не ги спречи илјадниците приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани да дојдат од сите делови на земјата. Како што јави дописничката на МИА, целиот булевар „Народни херои“ е исполнет со луѓе со чадори во рацете, кои извикуваат „Рама оди си“ и „Ја сакаме Албанија како цела Европа“.
Протестот засега минува мирно, со инцидентно фрлање димни бомби и петарди.
На насобраните демонстранти им се обрати лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој ја обвини Владата и полицијата за „примена на неконтролирана сила“ за време на протестите во саботата.
Поддржан со овации Баша повтори дека нема преговори со албанскиот премиер Еди Рама, ниту избори, туку само заминување на „криминалната Влада и балканскиот Мадуро“ и формирање преодна влада која ќе спроведе фер и демократски избори.

За безбедноста денеска се грижат околу 2.000 полицајци, а подготвени се и цистерни со вода во случај да е потребна употреба на водени топови. Во близина на местото на протестот има и повеќе противпожарни и амбулантни возила.
На протестот се придружија и жителите од населбата „Астир“, облечени во жолти елеци, чии над 300 домови треба да бидат урнати поради изградбата на голема обиколница во Тирана.
Најавено е дека овој протест од пред Владата ќе продолжи со марш до Парламентот, а потоа и до Министерството за внатрешни работи и Управата на полицискиот комесаријат на Тирана, каде ќе побараат ослободување на притворените на саботниот протест
Инаку, на протестот не присуствува лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) и сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, Моника Круемади, која се наоѓа во САД.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија