„Протестирам“ со протести во Скопје и неколку градови низ Македонија
Поддржувачите на Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска продолжија со протести во Скопје и во други градови низ Македонија. Тие бараат повлекување на одлуката за аболиција донесена од претседателот Ѓорге Иванов, негова оставка, како и одложување на распишаните предвремени парламентарни избори за 5 јуни.
Протестот почна пред зградата на Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на работата на оваа институција. Продолжи пред Собранието на Република Македонија по што демонстрантите се упатија пред зградата на МРТВ. Јавниот радиодифузен сервис, порачаа, „треба да работи професионално, а не партиски“. Демонстрантите вечерва ја обоија оградата на мостот „Слобода“ во близина на хотелот „Холидеј ин“.
Покрај во Скопје, протести во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“ се одржаа и во Кичево, Кочани, Струмица и Битола.
Ново на Сител
-
Пронајдено безживотно тело на исчезната жена од кумановско
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини