Протести во Струмица против изградбата на рудникот Иловица
Под мотото ,, Да го спореме пред тој да не сотре,, граѓанската иницијатива Здрава котлина од Струмица организираше протестен марш против изградбата на рудникот за бакар и злато Иловица Штука. Рудник не, Грутка злато или грутка живот, Да за природа што дава здравје и живот, не за рудници што носат болести и смрт, беа само дел од пораките кои учесниците на маршот ги испратија до надлежните и инвеститорот на рудникот. Од здрава котлина побараа од владата итно раскинување на договорот со концесионерот и стопирање на изградбата.
,, Затоа сме овде да ја охрабриме владата да постапи по договорот кој што има овбрска да го исполни. Од 2016 година Еуромакс ресурсис поднеле непотполни документи. Владата има право и обврска да го раскине веднаш договорот.,, вели КОСТАДИН РИСТОМАНОВ - ,, ЗДРАВА КОТЛИНА,,
Според учесниците на протестот земјоделие и рудник никако не одат заедно. Стравуваат од загадување на целата околина и затоа даваат целосна поддршка на иницијативата Здрава котлина.
,, Крајно време е да ја сопреме оваа опасност. Рудниците не се за во густо населена околина туку се за некои други краишта каде што нема луѓе да живеат. Ова е плодно струмичко поле кое си има свое злато и не му треба оваа опасност.,, вели БОШКО НИКОЛОВ – УЧЕСНИК НА МАРШОТ
,, Мора да разберете оти тие отрови кои ќе се шират од овој рудник ќе го уништат цело население на Струмица. Цело земјоделие на Струмица ќе биде затруено и водите струмички ќе бидат уништени.,, рече МИТЕ БЕЛМЕЗОВ – УЧЕСНИК НА МАРШОТ
Од Граѓанската иницијатива Здрава котлина најавија дека нивните активности против изградбата на рудникот ќе продолжат се додека не биде исполнето барањето за целосно запирање на неговата изградба.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар