Протести во Сиетл и други американски градови против омразата и расизмот

Протести против омразата и расизмот синоќа беа организирани во Сиетл и другите градови во САД, по саботните насилства за време на маршот на расистите и неонацистите во Шарлотсвил, во сојузната држава Вирџинија, пренесоа американските медиуми.
Организаторите соопштија дека целта на протестите е да се осуди фашизмот, како и претседателството на Трамп, кое, според нив, ги оставило приврзениците на идејата за надмоќ на белата раса да се почувствуваат охрабрени.
- Луѓето треба да се пробудат и со потребната храброст да се кренат против ова зло, изјави Карл Дикс, лидер на организацијата „Отфрлање на фашизмот“, кое е организатор на протестите во Њујорк, Сан Франциско и други градови.
Во центарот на Сиетл се собраа десетици демонстранти и контрадемонстранти. Притоа дојде и до судири со силите на редот. Полицијата во намера да ја растури толпата употреби бибер спрејови и шок гранати. приведени се неколку лица, од кои се одземени метални прачки.
Мирен протестен марш имаше и во Вашингтон, пренесе ТАСС. Неколку стотици лица се изјаснија против насилството, омразата и лабавиот однос на властите кон националистите. Некои од учесниците во раце држеа транспаренти со натпис „Трамп е еднакво на омраза“.
Во текот на денешниот ден планирани се протести и бдеења во Винтер Хевен и во Тампа, во државата Флорида, и други места. Во Денвер неколку стотици демонстранти се собраа пред статуата на Мартин Лутер Кинг во градскиот парк, од каде се упатија кон државното собрание. Во Форт Колинс, во државата Колорадо, учесниците во антирасистичкиот марш скандираа „Не на омразата и стравот“ и „Да ги натераме расистите повторно да се срамат“.
На други демонстрации, пак, беше побарано да се отстранат спомениците на конфедерацијата - проблем што е причината за судирите во Шарлотсвил.
Ново на Сител
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
-

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
-

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник
-

Излезноста во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82% – зголемена во однос на првиот круг
-

Скопјанец приведен по пријава дека ѝ се заканувал на сопругата, таа пријавила и долгогодишно малтретирање
-

Девојка пријавила дека била нападната од другарка додека се возеле во такси
-

Малолетници затекнати пијани во локал во Карпош, едно лице пренесено на Токсикологија
-

Уапсени двајца гостиварци за трговија со дрога, при претрес пронајдени шест пакувања кокаин
