Протести во Русија поради враќање на Црквата Свети Исак на Руската православна црква
Повеќе од 100 илјади луѓе потпишаа петиција против одлуката на властите во Санкт Петербург да ја вратат познататата Црква Свети Исак (Исакиевски собор), најголема православна црква во Русија, под управа на Руската православна црква.
Одлуката за враќање на православниот храм, кој во време на Советскиот Сојуз е претводен во музеј, градските власти ја соопштија синоќа, а петиција за укинување покрена локалната опозиција.
Медиумите наведуваат дека „Исакиевски собор“ лани го посетиле речиси 4 милиони луѓе и градот од тоа заработил повеќе од 12 милиони евра.
Руската црква во 2015 година побара од властите да и го вратат Исакиевски собор, но барањето беше одбиено.
Црквата посветена на свети Исак Далматински градена е по проект на француски архитект од 1818 до 1858. Во царска Русија имал статус на главна црква во државата.
Храмот за време на советската епоха е претворен во музеј. Верски установи во 90-те години од минатиот век со одобрување од уравата на музејот го користеле за одбележување големи верски празници.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред