Протести во Бразил за отповикување на Болсонаро
– Десетици илјади Бразилци во саботата повторно протестираа во неколку градови во земјата на повик на левичарските партии против зголемените трошоци за живот и побараа повлекување на претседателот Жаир Болсонаро.
Најголемите собири се одржаа во Рио де Жанеиро, Сао Паоло и Бразилија на покана на Националната кампања за отповикување на Болсонаро, поддржани од десетина левичарски партии и синдикални организации.
Врховниот суд побара отворање на неколку истраги против Болсонаро и неговите соработници, особено за ширење лажни информации. Претходните протести предводени од левицата повикуваа на отповикување на Болсонаро поради, како што велат, неговиот лош одговор на пандемијата, а во саботата имаше реакции и за зголемување на цените на храната, гасот и горивото, како и за невработеноста.
Како што јавуваат медиумите, на 7 септември, пак, 125.000 поддржувачи на Жаир Болсонаро се собраа на митинзите во Бразилија и Сао Паоло, повеќе одошто левицата успеа да собере оваа сабота во двете регионални престолнини.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом